БИДИ ФРАЕР СО МУСТАЌИ и БРАДА И ОСВОИ ВРЕДНИ НАГРАДИ

Со доаѓањето на ноември пристигнува и највозбудливиот настан во месецот за мажите -„Мовембер“ традиционалното БЕРБЕР ШОУ НА ФРИЗЕРИТЕ БЕРБЕРИ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ во Скопје Сити Мол на 13.11 (недела) од 12 до 17 часот.

Момци, имате точно десет дена да пуштите брада и се вклучите во најмажествената битка на годината!
Секција на фризери Скопје и Скопје Сити Мол ве канат масовно да се вклучите во богатата програма за одбележување на месецот на машкото здравје со многу интересни и едукативни содржини.
На пиедестал ќе бидат претставени мајсторите-бербери од целата земја, кои ќе се погрижат за вашиот изглед да стане уште подоминантен со добро средени бркови и бради.
„Мовембер“ ги предизвикува најхрабрите да пуштаат брада и бркови, а потоа да ,,паднат” во рацете на најголемите занаетчии во берберската професија. На тројцата со најдобро обликувани бркови ќе им бидат доделени вредни награди.
И тоа не е сѐ! Неделната дружба е надополнета со моторџиска изложба, а веднаш потоа и драматичниот избор на најдолг мустаќ. Забавата ќе продолжи во Play Caffe.
Официјални спонзори на секцијата на фризери и настанот: Вичишки, Инебрија, Алфапарф, Гранд козметик, Елгон, Попај.
Официјален партнер на настанот е Jack Daniel’s – омилениот пијалак на мажите, кои знаат што е добро виски.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.