Стана најубавата дива со брада што го потресе светот: Ги шокира фановите со објавата дека има СИДА, а еве како изгледа денес

Се сеќавате на Кончита Вурст?

Кончита Вурст, која има многу обожаватели, денес изгледа поинаку за разлика од порано, а сега решила и да се врати на сцената

Кончита Вурст направи вистински метеж на светската сцена кога победи на Евровизија во 2014 година. Таа со својот настап, но и изглед, гордо ги сруши сите табуа и предрасуди на традиционалното и конзервативно општество.

Необичниот и контроверзен изглед му е заштитен знак на Томас Том Нојвирт, односно на Кончита. Австриецот брзо го доби прекарот „брадеста дива“, со оглед на тоа што на сцената излезе како жена со брада.

Имено, тогаш тој се појави на сцената во тесен златен фустан, долга темна коса и густа брада што му го покриваше лицето а многумина го споредија со Израелката Дана Интернешенел, која победи на Евровизија во 1998 и се запиша во историјата како прва трансродова победничка на овој музички натпревар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Conchita Wurst (@conchitawurst)

И покрај тоа што ја потресе цела Европа со својот настап, Кончита се повлече од јавноста. Сепак, неодамна била фотографирана по подолго време и тоа на премиерата на мјузиклот „Ромео и Јулија: Љубовта е сѐ“ во Берлин. За таа пригода одбрала припиен црн фустан со ремен и полупроѕирен долен дел, а покажала дека и денес не се откажува од својот заштитен знак – густата црна брада на лицето. Единствената промена на неа е пократката коса.

Кончита почнала да се занимава со музика уште додека го носела името Томас Нојвирт, и тоа како дел од бендот Jetzt Anders, и уште во детството ги покажала првите знаци на однесување како девојче. Носела фустани, но само во сигурноста на својот дом, бидејќи не се осмелувала да се појави така облечена во јавност.

И по сите овие години, сите ја знаат како жената со брада што шокира со секое свое појавување, а пред четири години на својот инстаграм-профил објави дека е заразена со вирусот ХИВ и дека била принудена да ја открие таа информација поради заканите од поранешниот партнер.

Таа е една од најубавите жени на светот, а ретко кој знае дека е родена како машко: Ја тужела државата и ги шокирала сите!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.