Сека демолираше пола вила! Пејачката направи хаос, сега вложи 80.000 евра за да реновира (фото)

Кој колку има толку лумпува...

Секој со свој трошок…

Вилата која Сека ја изгради пред речиси една деценија сега се урива. Пејачката решила да го дочека летото во комплетно реновирана куќа.

Додека мајсторите сега се среде работа, таа решила со семејството да отпатува на Копаоник, за да ја избегне прашината и работата.

Сека Алексиќ решила да смени се во домот во Пазова и, како што пренесуваат медиумите, буквално демолирала половина од куќата.

„Вељко и таа веќе долго време зборуваат за тоа како би било добро малку да го преуредат просторот во кој живеат. Затоа повикале архитектот и му ги кажале своите желби. По неколку недели им направил идејното решение и двајцата ги одобриле работите. Некои соби сакаат да ги сменат целосно, а во бањите и кујната ќе ги менуваат плочките“, вели добро упатен извор.

Цената на ова реновирање воопшто не е мала, наводно ќе изнесува околу 80.000 евра. Во таа цена се вклучени само градежни работи, а некои делови од мебелот допрва ќе се купуваат.

Сека и Вељко имаат идеја да направат зимска бавча во еден дел од имотот.

Затоа, ова реновирање ќе биде завршено многу брзо, па тие ќе можат да уживаат во благодетите на зимската градина додека трае зимата, додава истиот извор.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Фото: принтскрин

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.