Каде се наоѓа и како живее Меланија Трамп денес? Додека околу неа се случува хаос, нејзиното однесување ја шокира јавноста

Дознајте повеќе

Се зборува дека поранешната прва дама на Америка е добра мајка која секогаш го става својот син на прво место, а сега дознавме одредени детали што откриваат како Меланија Трамп живее денес

Додека Доналд Трамп се соочува со можна тужба за давање мито, неговата сопруга Меланија Трамп, како и секогаш, се потпира на своите родители и на 17-годишниот син Барон.

Семејството моментално се наоѓа на нивниот луксузен имот во Палм Бич. Некогашната прва дама никогаш немала многу блиски пријатели, а анонимни извори тврдат дека ништо се нема променето по тоа прашање.

И во периодот пред да се омажи за Доналд Трамп, додека била модел, била многу повлечена. Една позната њујорчанка што се движела во тие кругови се потсетила на тој период:

„Се сеќавам дека си муабетевме група жена, со нас беше и познатата трач-колумнистка која им даваше упатства: ‘О, Меланија е таму. Би требало да одиме да разговараме со неа, бидејќи веројатно ќе се омажи за Доналд.’

Меланија тогаш беше само една од неговите девојки и сите ја познававме како таква. Но никој не ја познаваше навистина, ни тогаш ни сега“, се присетила жената што се движела во високите кругови.

Дури и кога нејзиниот сопруг бил одбран за претседател, Меланија била позната како жена што се дружи само својот тесен круг на луѓе. Претпочита да поминува време со семејството одошто да оди на социјални настани или да дава интервјуа за медиумите.

„Пријателите на Меланија се членови на нејзиното семејство. Многу членови на клубот Мар-а-Лаго, како и други луѓе, ја гледаат Меланија, но не ѝ се пријатели. Не се среќаваат, не разговараат, не се дружат. Секогаш се дружи со членови на своето семејство. Таа е грижлива мајка за Барон и многу е заштитнички настроена кон него. Тоа не е ништо ново“, рекол анонимен извор.

Трамп го чека можно обвинување, бидејќи наводно исплатил голема сума на пари како мито, со кое во 2016 година сакал да го откупи молчењето на порно-актерката Сторми Даниелс, со која имал афера пред десет години.

За тоа време, семејните односи во семејството Трамп, што се однесува до Меланија, се немаат променето.

„Барон секогаш бил приоритет во животот на Меланија, секако дека е загрижена поради правните проблеми, но сè што прави е за да го заштити Барон. Тој секогаш ѝ бил на прво место, таа е добра мајка“, открил изворот.

Други луѓе на кои најмногу им верува се нејзините родители, тие исто така живеат на имотот Мар-а-Лаго близу Меланија. Амалија и Антон Улчник исто така се многу блиски со својат внук и играат клучна улога во неговото образование и воспитание.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.