Заминала во странство на 17 години без скршен денар: А потоа го родила еден од најголемите милионери во светот!

Дознајте повеќе

Мајката на Трамп била родена во Шкотска, а својата среќа ја побарала во Америка на само 17 години

Во далечната 1929 година, 17-годишната Шкотланѓанка се качила на брод и отпатувала во странство за подобра иднина. Неугледната Мери Ен Меклеод била родена на остров во близина на шкотскиот брег. Мери Меклеод подоцна ќе стане Мери Трамп, мајка на поранешниот американски претседател Доналд.

Како и таткото на Барак Обама, и мајката на Трамп била мигрантка. Тој ретко го споменува тоа, но затоа неколку пати се има пофалено со нејзиниот успех. Откако се преселила во Њујорк, го запознала Фредерик Трамп и се вљубиле еден во друг.

Фред бил градежник и кон крајот на 1920-тите продавал евтини семејни куќи. По Втората светска војна, богатството на Фред растело поради градежниот бум. Сè повеќе луѓе купувале сè повеќе недвижнини и неговиот бизнис цутел. Како што растело неговото богатство, така и Мери сè повеќе одела на луксузни патувања.

Додека во 1930-тите патувала исклучиво со најевтиниот превоз и во документите ѝ пишувало дека е собарка, во 1940-тите патувала на Бахами и на разни други егзотични дестинации. Станала пожелно лице во њујоршките кругови, а работела и во бројни хуманитарни организации.

Иако оставила голема трага во Њујорк, уште поголемо влијание имала врз синот Доналд.

„Еден од проблемите со жените во мојот живот е тоа што морам да ги споредувам со мојата неверојатна мајка. Мајка ми е паметна како самиот ѓавол“, напишал Доналд во книгата The Art of the Comeback.

Како што пишувал „Њујоркер“, мајката и синот ја делеле склоноста кон екстравагантното облекување, па таа често се појавувала во јавност со портокалово бојосана коса. На улиците често се појавувала облечена во крзно, со богат накит.

„Отсекогаш сакала да се покажува. Беше многу традиционална домаќинка, но беше свесна и за светот надвор од нејзините четири ѕида“, напишал Трамп.

Починала во Њујорк во 2000 година, само една година по смртта на сопругот Фред.

По нејзината смрт, Доналд имал навистина турбулентни односи со татковината на мајка му. Му била укината почесната диплома од Универзитетот во Аберден, се зборува дека престижните турнири во голф ги заобиколуваат неговите терени во Шкотска, а сето тоа се случило дури и пред да стане претседател.

Доналд Трамп ја омажи најмалата ќерка за милионер: Никој не може да се изначуди на реакцијата на Меланија Трамп
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.