Каква модна утка?: Семејството Трамп објави фотографии од венчавката, еве што им посакала Иванка на младите

Чиј стил најмногу ви се допадна?

Семејството Трамп на социјалните мрежи објави фотографии од вчерашната венчавка на Тифани Трамп и Мајкл Булос на Флорида.

Иванка Трамп на Твитер објави комплет фотографии на кои се гледа како се облечени жените во семејството Трамп.

Чиј стил најмногу ви се допадна?

Иванка Трамп, која на венчавката дојде со сопругот Џаред Кушнер и нивните деца Арабел (11), Џозеф (9) и Теодор (6), напиша на Твитер:

Кога имав 12 години, мојот сон да имам помала сестра се оствари! Од првиот момент, кога ја држев Тифани во раце и погледнав во тие големи, слатки, љубопитни сини очи, бев воодушевенa од неа. Тифани зрачи со љубов, сочувство и благодат, доблестите кои ќе ги донесе во бракот со Мајкл. Им посакувам на Тифани и Мајкл многу среќа и радост во заедничкиот живот! Нека нивната љубов биде извор на светлина на овој свет.

Доналд Трамп Јуниор се огласи на Инстаграм и објави фотографии со децата што ги доби од бракот со поранешната сопруга Ванеса Трамп: Доналд Трамп Јуниор (13), Каи (15), Спенсер (10), Тристан (11) и Клои (8). Има и слики од него и неговата партнерка Кимберли Гилфој.

Да потсетиме, синот на Трамп се разведе од поранешната сопруга поради врската со Кимберли, што не му се допадна на поранешниот американски претседател, кој е во добри односи со поранешната снаа.

Кимберли за венчавката избрала црн фустан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Donald Trump Jr. (@donaldjtrumpjr)

Прекрасно време со Штрумфовите на свадбата на Тифани. Малите беа вклучени во сè и беа совршени… не дека се сомневав дека нема да биде така, напиша Доналд Трамп Јуниор на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eric Trump (@erictrump)

Слики од венчавката објави и Ерик Трамп и неговиот Ерик Ел Трамп (5) и Керолин (3) не ја пропуштија свадбата. Важен гостин беше неговата сопруга Лара Трамп, која е многу блиска со Тифани.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.