Поради овие карактеристики, Французинките се жени на кои сите им се восхитуваат

Метнете се на нив

Не се зависнички од ботокс, филери и пластични операции. Нивното мото е да се сакаат такви какви што се и знаат дека атрактивниот изглед никогаш нема да ги замени личните достигнувања и интелигенција.

Не одат наоколу да се жалат за своите проблеми. Наместо да им плачат на рамо на пријателките, тие водат активен животен стил, времето го минуваат слободно и безгрижно и прошетките и природата им се лек.

Не следат модни трендови кои го загрозуваат нивното здравје. Комфорот и здравјето на модерните Французинки им се над сè, па така тие нема да се измачуваат со превисоки и неудобни потпетици само затоа што така наложува модата, ќе носат само тогаш кога сакаат.

Не се запуштаат и по 30-тата година од животот. Девојките во многу земји во светот штом се омажат, почнуваат да се концентрираат комплетно на домот и забораваат на негата на себе, но Французинките знаат дека негата на себе е „обврска“ за цел живот.

Знаат дека можат да изгледаат одлично и во облека која не е од некој скап бренд. Тие знаат дека сè е до стилот, вкусот и начинот на кој ги комбинирате работите. Знаат дека облекувањето скапо не е исто што и облекувањето добро.

Не се откажуваат од кариерата за да растат деца. Голем дел од Французинките сметаат дека жена без кариера е несреќна жена, па така и по раѓањето на деца не ја запоставуваат кариерата, а бараат помош од роднини или ангажираат дадилки.

Не се зависнички од шопинг. Тие немаат време за минување на цел ден во трговските центри и многу често шопингот го прават онлајн.

Не се измачуваат со тешки диети. Тие уживаат во омилената торта и кроасан, си поставуваат граници во исхраната, но не се измачуваат со тешки и нездрави диети.

Знаат како да уживаат во секој миг од животот. Тие живеат за мигот и наоѓаат среќа во мали работи. Едноставно ја знаат „уметноста на живеењето“. Не се оптоваруваат со туѓите мислења и затоа се ведри и енергични и на постари години.

Ја знаат моќта на свилената марама. Французинките знаат дека една марама околу вратот прави голема разлика, плус овој моден додаток ги крие брчките на вратот.

12-prichini-zoshto-francuzinkite-se-zheni-shto-budat-voshit-kaj-site-02.jpg

Не се опседнати со ставање на вештачки нокти во козметичките салони. Сакаат природен изглед на ноктите без многу детали. Повеќе вложуваат во прстени и друг накит, отколку во ставање на вештачки нокти.

Не ставаат тон шминка, но и не се плашат да се појават со впечатлив кармин среде ден. Сакаат природен изглед и обично при шминкањето најмногу внимание обрнуваат на добрата подлога со квалитетна козметика. Сепак, кога се расположени за повпечатлив изглед не им е проблем да стават силен кармин среде ден.

12-prichini-zoshto-francuzinkite-se-zheni-shto-budat-voshit-kaj-site-12.jpg

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.