„Секој добар човек треба да ги има овие 2 особини“: Според мудреците од Тибет, само најчистите души го поседуваат ОВА

Прочитајте

Љубовта и сочувството им се неопходност на луѓето, а не луксуз

Тибетските монаси важат за едни од најинтелигентните луѓе и тие истакнуваат дека љубовта и сочувствителноста се двете особини што треба да ги поседува секој добар човек. Во продолжение прочитајте некои од нивните најголеми мудрости…

1. „Љубовта и сочувствителноста се неопходност, а не луксуз. Без нив, човечкиот вид не може да опстане.“

2. „Нашата основна цел во животот е да им помагаме на другите. Ако не можете да им помогнете, барем немојте да ги повредувате.“

3. „Мирот не значи отсуство на конфликти, разликите секогаш ќе бидат присутни. Мирот значи решавање на тие разлики по пат на мирни средства, со дијалог, образование, знаење и хуман пристап.“

4. „Главната цел на религијата е да ги олесни љубовта и сочувството, трпението, толеранцијата, понизноста и опростувањето.“

5. „Само развивањето сочувство и разбирање за другите може да ни ги донесе спокојот и среќата што сите ги бараме.“

6. „Сочувство поседуваат само најчистите души.“

7. „Сочувството природно создава позитивна атмосфера, и како резултат на тоа, ќе се чувствувате смирено и задоволно.“

8. „Љубовта и сочувството се вистинските религии. За да ги развиваме, не ни треба верба во ниту една религија.“

9. „Темата сочувствување воопшто не е поврзана со верата, важно е да знаете дека тоа е поврзано со човекот, од тоа зависи човечкиот опстанок.“

Најмудриот совет на тибетски монах: Кога некој ве навредува и понижува, поставете му ги овие 2 прашања!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.