Чај за здравје и вита става од 5 состојки: Толку е вкусен што ќе го замените кафето со него!

Совршенство

Во текот на зимските денови, најдобро е да пронајдете чај што ќе му годи на вашето тело, а ние ви предлагаме старински рецепт за чај од 5 состојки за здравје и слабеење

Се смета дека овој чај од 5 состојки го загрева телото однатре, ги согорува масните наслаги, заситува, а со тоа поволно влијае и врз слабеењето.

Еве што содржи…

Куркума

Лековитите својства на куркумата моментално се прилично популарни. Соединението куркумин ги намалува воспаленијата, се бори против канцер и му помага на срцето да го сочува здравјето.

Ѓумбир

Ѓумбирот ублажува мигрени, има противвоспалителни својства и помага во борбата против рак.

Цимет

Овој зачин го снижува и го регулира шеќерот, лекува вирусни инфекции како настинки, грип и кашлица.

Кардамом

Ако сакате да го спречите создавањето крвни згрутчувања, користете кардамом. Овој зачин го одржува здравјето на крвните садови, ја поттикнува циркулацијата на крвта и ги прочистува бубрезите.

Мед

Медот важи за најздравата храна на планетата. Му дава пријатен вкус на чајот, претставува извор на енергија за телото и го зајакнува имунитетот.

Состојки:

  • половина лажица ѓумбир
  • половина лажица цимет
  • 1/6 лажица куркума
  • прстофат кардамом
  • 500 мл вода
  • 1 лажица мед

Приготвување:

Ставете 500 мл вода на тивок оган. Кога водата ќе зоврие, додајте ѓумбир и цимет. Потоа, додајте куркума и кардамом и промешајте. Оставете го сето тоа да врие 5 до 10 минути. Оставете го да се олади десетина минути, потоа процедете го чајот и засладете го со мед.

Пијте го овој чај секое утро и ќе останете здрави и вити.

Како правилно се прави чај од лавор: Ја смирува кашлицата и го зајакнува имунитетот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.