ВНИМАВАЈТЕ: Овие грешки не смеете да ги направите во вашите зимски стајлинзи

Еве што посочуваат модните стручњаци

Модните познавачи укажуваат кои детали во вашиот стајлизнг придонесуваат да изгледате неуредно.

1. Долг џемпер што ви виси под јакната, а воедно не ни одговара со неа.

2. Огромен шал грубо врзан неколку пати околу вратот.

14-modni-greshki-vo-zimskiot-stajling-shto-pravat-da-izgledate-nesredeno-02.jpg

3. Јакна која едвај се закопчува поради волуменозниот џемпер оддолу и прави да изгледате како вкочанети.

4. Носење на кратка јакна која освен што е модерна, нема да ве загрее, а со дебел џемпер оддолу нема да изгледа добро.

 

5. Тренерки напикани во чизмите.

6. Претерување со сексапилноста и правење непотребни жртви во име на убавината, односно мрзнење во куси здолништа на студено време, кога и облечени од глава до петици може да изгледате секси. Смрзнатите црвени колена во транспарентни хулахопки дефинитивно не се привлечни.

14-modni-greshki-vo-zimskiot-stajling-shto-pravat-da-izgledate-nesredeno-04.jpg

7. Носење џемпери од синтетика, кои без разлика колку се дебели нема да ве загреат доволно.

8. Ставање сѐ на себе наеднаш, односно носење едновремено и крзно и дезени и низа други декоративни елементи кои даваат целокупно кич изглед.

 

9. Штедење на квалитетни волнени џемпери, кожени чизми, чанта и убави ракавици.

10. Користење само на сиви и темни тонови, што секој ден изгледате како да ви е тмурно расположението. Ако времето е мрачно, не значи дека вашата облека треба да биде здодевна и без бои.

 

11. При слоевитото облекување, заборавање дека секој слој самостојно треба да изгледа добро, односно ако отстраните било кое парче од себе, повторно треба да изгледате добро.

12. Тонење во прекумерно големи парчиња – да, тие се модерни, но треба да знаете колку големо е доволно големо и уште поважно како да го комбинирате, нема потреба да изгледате како џиновска топка со нозе.

14-modni-greshki-vo-zimskiot-stajling-shto-pravat-da-izgledate-nesredeno-07.jpg

13. Облекување премногу слоеви и со тоа креирање на дополнителен волумен на фигурата.

14. Претерување со женственоста и добивање на старомоден изглед со ставање наеднаш и беретка и капут што ја истакнува линија и здолниште итн. Нема ништо лошо во тоа ако стилот ви е таков, но ако следите трендови и сакате да изгледате помладешки, експериментирајте малку повеќе.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.