Џони Деп ќе даде милион долари во добротворни цели: Кога Амбер Херд ќе му ја исплати оштетата, парите ќе одат таму каде што се најпотребни

Шоубизнис

И` ги простил деветте милиони, а еден милион ќе даде за хуманитарни цели.

Разводот на Џони Деп и Амбер Херд со месеци беше во центарот на вниманието на странската и домашната јавност. Тие двајца си упатија тешки обвинувања, а јавноста сето тоа можеше да го слушне со оглед на тоа што судењето беше отворено.

Поротата пресуди во корист на актерот, а Амбер требаше да му плати отштета од 10 милиони долари.

Адвокатите на парот успеаја да постигнат договор со кој осигурителната компанија на Херд ќе му плати на Деп 1 милион долари за да го реши случајот, а сега адвокатскиот тим на Џони Деп објави соопштение за медиумите. Камила Васкез и Бенџамин Чу истакнаа дека нивниот клиент ќе ги донира добиените милион долари во добротворни цели.

Исто така, нема да биде само една – ќе тропне на неколку врати со одредена сума на пари. Кога Амбер ќе му исплати милион, тој ќе ги подели парите на неколку делови, па ќе ги даде на оние на кои им се најпотребни. Потоа, со задоволство ќе сврти грб на целата приказна со Херд.

„Ова болно поглавје од животот на господинот Деп заврши. Нашиот приоритет, исто како и неговиот, беше вистината и таа да се слушне. Добиените милион долари ќе одат, навистина, во добротворни цели“, изјавиле правните застапници на актерот, пренесува „Пипл“.

Амбер даде кратка изјава за ситуацијата.

„Не сакав ништо од ова. Не го избрав ова, одвај чекам да продолжам со мојот живот“, рече Херд.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.