Ана Ивановиќ ги отвори вратите од луксузниот дом: Терени, џакузи и теретана – уживање за семејството (ФОТО)
Шоубизнис
Ана Ивановиќ ги користи сите благодети на луксузот.
Ана Ивановиќ ја отвори вратата од својот дом. Таа живее во луксуз со сопругот Бастијан Швајнштајгер и двата сина.
Нивниот дом е прилагоден на семејството, бидејќи е многу простран, погоден за најмалите, а има и простор за физичка активност. Тие двајца се спортисти и сакаат тие навики да им ги пренесат на своите деца, па во куќата имаат фудбалско и тениско игралиште, како и теретана.
„Момците се многу активни, но се` уште не покажуваат преголем интерес за некој посебен спорт. Научија да пливаат и скијаат затоа што е забавно. Но, засега толку“, изјавила Ана своевремено и открила како изгледа нејзиниот ден:
View this post on Instagram
„Времето кога момчињата се во градинка го користам да се посветам. Вежбам редовно, извршувам деловни обврски. Кога станува збор за релаксација, најмногу уживам во читањето“.
View this post on Instagram
Таа сподели и фотографија на која се гледа дека во бањата има џакузи.
Коментарите се заклучени.