Ана Кокиќ откри што ѝ носи среќа: „Благодарам, животе, што ме награди“ (ФОТО)

Шоубизнис

Фото: Принтскрин Инстаграм

Пејачката среќната вест ја сподели со своите следбеници на Инстаграм.

Пејачката Ана Кокиќ со години е на српската музичка сцена. Зад себе има богата кариера, а нејзиниот голем талент за пеење никој не го оспорува.

Ана вложува многу во својот изглед и пеење, па не е чудно што нејзиниот труд се исплател. Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија на која истакнува дека е среќна и исполнета на сите полиња.

„Доаѓаат прекрасни луѓе и ви го разубавуваат викендот! Тие пеат, се смеат, танцуваат, а јас посакувам да бидам на сцената засекогаш! Ти благодарам животе што ме награди со најубавата работа“, напиша Кокиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Kokic (@anakokicmusic)

Пејачката ужива во животот и своите успеси, а под фотографијата се појавија низа позитивни коментари од нејзините следбеници.

„Нашата најубава пејачка“, „Ана преубава си“, „Презгодна“, беа само некои од нив.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.