Џенифер Лопез и Бен Афлек тајно се венчале во пустина? Случајно ги издал ОВОЈ ДОКУМЕНТ: „Тоа е ЗНАК дека сега се МАЖ И ЖЕНА“

Фото: Holla

Откако неодамна се распространи веста дека се венчале во езерото Оконе, Џорџија, се чини дека заветот за вечна љубов меѓу Џенифер Лопез и Бен Афлек навистина се случил, па тие добија дозвола за брак издадена вчера на нивните целосни имиња.

Џенифер Лопез и Бен Афлек наводно се венчале три месеци откако повторно се свршиле. „ТМЗ“ пишува дека парот добил дозвола за брак во округот Кларк, Невада, која им е издадена на 16 јули и гласи на нивните вистински имиња – Бенџамин Газа Афлек и Џенифер Лин Лопез.

Инсајдерот изјавил за веб-сајтот дека актерите се венчале и дека лиценцата е „показател дека  сега се маж и жена“.

Сепак, се’ уште нема официјална потврда, но нема ни демант, дека љубовта ја крунисале со брак.

Инаку, парот се сврши во април годинава, а Џеј Ло ја потврди среќната вест во емотивно обраќање до обожавателите, откако во медиумите протекоа информации за свршувачката кога пејачката беше фотографирана со прстен со голем зелен дијамант додека разгледуваше мебел.

Дали некогаш сте помислиле дека вашиот најголем сон може да се оствари? Сабота вечер, додека бев на моето омилено место на земјата (топла купка), мојот убав, сакан маж клекна на едно колено и ме запроси“, соопшти тогаш латино-дивата.

Dženifer Lopez sa vereničkim prstenom

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.