Никако не можете да го согорите салото на стомакот? Еве зошто!

Здравје

Female models of different ages celebrating natural bodies. Four body positive and confident women smiling cheerfully while wearing black underwear and holding hands together in a studio.

Сите ние би сакале рамномерно да изгубиме килограми, но фактот е дека постојат делови од телото на кои некои работи потешко се менуваат.

Дали ви се случило упорно да држите диета и да ги следите сите правила на здравата исхрана, а вишокот сало од стомакот или задникот никако не исчезнува? Ова воопшто не е ретка појава, затоа што нашето тело едноставно не е програмирано рамномерно да слабее. Дознајте зошто е тоа така и како да ја победите природата.

Каде најбрзо се топат килограмите?

Сега е вистинско време да им замерите на мажите: тие со стомакот многу полесно губат килограми отколку жените. Салото, покажува науката, најупорно се држи на задникот и бутовите и поради тоа на жените им е потешко да стигнат до посакуваната линија.

Што се однесува до салото на стомакот, тоа се симнува лесно доколку имате вишок килограми. Но, штом ќе бидете блиску до идеалната телесна маса, така слабеењето ќе биде поспоро, а извајаните стомачни мускули ќе ви изгледаат дека се многу далеку. Сепак, важно е да се напомене дека начинот на кој ги губиме килограмите е индивидуална работа, нешто што е најдобро да се следи како се однесува вашето тело и да се прилагодите на програмите за губење на тежината.

Кои области се повеќе склони кон зголемување на телесната тежина?

Килограмите налесно се натрупуваат во пределот на стомакот и задникот. Жените се склони на сало на колковите, бутовите, задникот и стомакот и за тоа е виновна природата. Ова се смета за златни резерви на неопходното место за време на бременоста и доењето.  Всушност, затоа можете да очекувате дека на овие зони тежината ќе ја изгубите на крајот на самата диета.

Сепак, не е за се виновна еволуцијата, во еден дел можете слободно да бидете лути на родителите. Генетиката е друг клучен фактор кој одредува на кој начин вашето тело ќе се здебелува или ќе ослабнува.

Фактори кои можат да влијаат на губењето на килограмите

Губењето на тежината е, како што знаеме, последица на согорувањето поголеми количини калории од оние кои ги внесуваме со храната. За да намалиме на килограмите, потребно е да потрошиме дури 7.000 калории повеќе отколку што јадеме. Затоа за најздраво се смета слабеењето во кое секој ден правите дефицит од 500 калории.

Колку брзо можете да ослабнете зависи од следните фактори:

Години

Сексуални активности

Физички активности

Тип на диета

Генетика

Лекови кои ги користите

Консумација на алкохол

Квалитетот и квантитетот на сонот

Нивото на стрес

Здравјето на штитните жлезди

Хормоналниот баланс

Може ли да поттикнам губење на тежината во одредена област?

Еликсирите за согорување на стомачните масти нема да го намалат салото на стомакот и да го стопат како што се тврди. За жал, ниту една диета нема да го направи тоа.

Внесувањето на храна со влакна може да помогне да стопите дел од висцералната маст на абдоменот, но ќе остане поткожната маст која може да се вклопи со губењето на тежината.

Во иделниот случај, клучот за намалување на мастите на стомакот е вежбање, но знајте го ова: не можете да ги намалите маснотиите во различните делови од телото со насочени вежби. Секако, можете да ги тонирате сите области и можеби, за возврат, ќе согорите повеќе калории со развој на мускулите, но нема вежби за „губење на маснотиите“ на стомакот или задникот. Наместо тоа, морате да користите свеопфатен пристап кон фитнесот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.