Џенифер Анистон и Џастин Теру: „Ние не се разделивме на драматичен начин, се сакаме“

Актерот искрен за односот со бившата

Актерот Џастин Теру четири години по разводот со Џенифер Анистон вели дека тој и неговата поранешна сопруга сè уште се многу блиски пријатели, па дури и редовно се слушаат или допишуваат.

Би рекол дека останавме пријатели. Не зборуваме секој ден, но се слушаме. Си испраќаме пораки. Верувале или не, ние не се разделивме на драматичен начин, се сакаме. Искрено тврдам дека го негуваме нашето пријателство“, откри 49-годишниот Теру во своето последно интервју за Esquirе. (Текстот продолжува по огласот)

Џенифер Анистон и Џастин Теру
Не можеме да бидеме заедно, но сепак делиме радост и пријателство. Таа е пресмешна, се смееме многу. Мислам дека би било штета да не сме во контакт. Се надевам дека и таа го мисли истото“, додаде тој.

Анистон и Теру првпат започнаа да се забавуваат во 2011 година. Една година подоцна ја објавија својата свршувачка, а потоа тајно се венчаа со интимна церемонија во август 2015 година. Две и пол години подоцна, парот објави дека се разделуваат.

Одлуката беше заемна. Ние сме двајца најдобри пријатели кои решија да се разделат како двојка, но со нетрпение очекуваме да продолжиме да го негуваме нашето пријателство… Нормално, ова би го сториле приватно, но со оглед на тоа што многумина не можат да одолеат на можноста да шпекулираат и да измислуваат разни приказни, ние сакавме директно да ја пренесеме вистината… Пред сè, решени сме да ја задржиме длабоката почит и љувов што ги имаме еден кон друг“, стоеше во соопштението во јавноста.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.