Децата на Мајкл Џексон заедно во јавност: Сега конечно знаеме на кого личат Парис, Принц и Бланкет!

Неверојатно

Децата на покојниот Мајкл Џексон се појавиле на отворањето на бродвејскиот мјузикл во чест на татко им во Њујорк

Мајкл Џексон почина во 2009 година на 50-годишна возраст од предозирање, а зад него остана големо наследство, но и три деца: Парис (23), Принц (24) и Бланкет (19), кои ги родила Деби Роу, жена што Мајкл Џексон внимателно ја криел од јавноста.

Ова е првпат по неколку години сите три деца на покојниот музичар да се најдат на исто место.

Парис (23) најмногу ѝ е позната на јавноста, бидејќи и самата се занимава со музика и моделство, а синоќа на црвениот килим се појавила во шарен фустан што потсетува на домаќински фустан од 1950-тите години.

Тетовирана и со богат хипи-накит, Парис оставила измешан впечаток. Нејзината убавина била во сенка на нејзиниот тажен израз на лицето. Странските медиуми веќе неколку пати пишувале за тоа дека ќерката на кралот на поп-музиката се бори со зависност, но тоа никогаш не било докажано.

Покрај сестра му бил Принц (24), дотеран во црн костим, со коњско опавче врзано ниско на главата. Цела вечер учтиво се смешкал, подготвено давајќи интервјуа. Познато е дека Принц минатата година завршил факултет со највисоки оценки и дека е единствениот што прави нешто со парите на покојниот татко. Имено, тој во име на Мајкл Џексон води низа хуманитарни организации за помош на загрозените деца.

Братот и сестрата веќе неколку пати досега јавно зборувале за својата голема поврзаност и за тоа колку се поддржуваат. Тоа можело да се види и оваа вечер, бидејќи Принц не се одвојувал од Парис, речиси постојано држејќи ја под рака.

Најголемата енигма од сите деца на Мајкл Џексон, секако, е Бланкет (19), кој со години се крие од очите на јавноста. Се зборува дека не сака јавно да се појавува, па затоа речиси никогаш не може да се види на црвениот килим.

Така било и синоќа. Додека брат му и сестра му трпеливо позирале, тој на забавата дошол инкогнито. Меѓутоа, папараците го фотографирале кога ја напуштил забавата држејќи ја за рака својата постара сестра.

Каде се сега и што прават децата на Мајкл Џексон: Зошто ниту еден од нив тројца не го користи богатството на татко им?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.