ДАЛИ Е КОНЕЧНО КРАЈ? Ким Кардашијан и Канје Вест не живеат под ист покрив

Криеле од јавноста

Фото: Getty Images

Иако написите за проблемите во бракот на Ким Кардашијан Вест и Канје Вест ги полнат медиумите последниве две недели, откако контроверзниот рапер објави скандалозни твитови на социјалните мрежи, во кои откри дека мајката на неговата сопруга, Крис Џенер, ја продала секс-лентата на ќерка си сакајќи да ја вивне во центарот на вниманието (во што и успеа, земајќи предвид дека оттогаш реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“ се снима и гледа над десет години), блиски извори на славната брачна двојка тврдат дека сопружниците веќе една година не живеат под ист покрив. Поточно, од моментот кога Канје го купи ранчот во Вајоминг…

 

Ким уште тогаш изјави дека не планира да се пресели на рачот затоа што се’ уште не е подготвена да се откаже од својот живот во Лос Анџелес, но Канје обожава да живее далеку од градската врева и папараците.

Канје е во Вајоминг последнава година, а Ким го посетува еднаш месечно и му ги носи децата. Тие не минуваат време заедно, откако тој комплетно го префрли својот живот во Вајоминг и тоа не е местото каде што е неговото семејство, каде што децата му oдат во училиште“, открива изворот и додава: „Ким знае дека не е здраво да биде околу Канје периодов ниту за неа, ниту за децата. Тој мора да се прибере за да може да биде партнер и татко во иднина“, вели извор близок до парот, кој додава дека Вајоминг наводно бил доброместо за кретивноста на раперот.

Исто така, блиските лица тврдат дека Ким и Канје кријат од јавноста дека се разделени ипродолжуваат да креираат слика на среќно и хармонично семејство. Имено, и двајцата се’ уште не се подготвени да се разведат дефинитивно.

 

 

View this post on Instagram

 

Happy Sunday

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.