Чудните навики на кралицата Елизабета Втора: Никогаш не го јаде ова бидејќи мисли дека не е добро за нејзината диета!

Тајните на кралското семејство

Додека за некои од нејзините навики постои логично објаснување, некои се потполно банални, единствени, па дури и смешни

Многумина од нас имаат различни навики што другите ги сметаат за потполно необични, па таков е и случајот со членовите на кралското семејство.

Кралицата Елизабета Втора, која вчера го прослави својот 95 роденден, секако не е исклучок, па нејзиното секојдневје е преполно со чудни навики!

Никогаш не патува без пакување од својата крв

На патувањата со неа секогаш доаѓа тим од лекари, кои се задолжени да се грижат за нејзиното здравје. Освен тоа, должни се во секој момент да знаат кои се најблиските болници во градовите што ги посетуваат, а со себе секогаш носат голема медицинска торба во која има мобилен дефибрилатор , како и други инструменти и апарати за итна медицинска помош. Покрај тоа, докторите со себе секогаш носат пакување од крвта на кралицата, во случај итно да ѝ затреба трансфузија.

Во палатата забрането е отворање прозорци

Секако, тоа не се однесува на сите прозорци, тука на оние што се наоѓаат од предната страна на Бакингемската палата. Поентата е палатата во секој момент да изгледа совршено, а отворените прозорци можат да го нарушат нејзиниот изглед.

Кралицата не поднесува коцки мраз

Една од нејзините потполно необични навики се однесува на формата на мразот што се наоѓа во чашата на кралицата. Имено, кралицата не го поднесува звукот што го произведуваат коцките мраз и смета дека многу попријатен е оној што го прават ледените топчиња. Токму поради тоа, наводно, произведена е посебна машина што создава мраз токму во таа форма.

Во нејзината чанта секогаш има необичен предмет

Додека повеќето дами носат огледалца, шминка и пари во својата чанта, кралицата Елизабета никогаш не го напушта домот без еден посебен предмет кој секогаш мора да се најде во нејзината чанта. Станува збор за специјално дизајниран држач за чанти кој потсетува на јадица, а на кој едноставно и брзо може да се закачи чантата.

Со оглед на тоа што во кралското семејство постојат тајни пораки што се испраќаат токму преку чантата, кралицата на овој начин одбегнува испраќање лажни пораки. На пример, ако ја стави чантата на под, тоа значи дека сака да го напушти настанот на кој се наоѓа. На овој начин никогаш нема да дојде до забуна.

Не сака да гледа брада и лептир-машна кај мажите

Додека повеќето жени токму овие детали ги сметаат за исклучително мажествени, кралицата Елизабета ги гледа како иритантни. Токму поради тоа, мажите во нејзино опкружување секогаш мора да бидат свежо избричени, а единствениот исклучок е нејзиниот внук принцот Хари, кому се обидела да му влијае, но безуспешно.

Секоја нејзина модна комбинација има свој реден број

Секоја комбинација што ја носела кралицата Елизабета има свој единствен број со кој е назначено во која пригода била носена. Со оглед на тоа што кралицата обожава јаки бои и класичен стил на облекување, комбинациите лесно може да се помешаат, а од големо значење е да се внимава да не се појави два пати по ред на некој настан во истиот стајлинг, па дури ни во истата боја!

Никогаш не јаде супа, а ни компир

Секако дека овие јадења ги има на менито на Бакингемската палата, но никогаш нема да бидат послужени доколку е присутна само кралицата. Вработените во палатата никогаш нема да се осмелат да ѝ послужат супа на кралицата, а што се однесува до компирите, не е дека не ги сака, туку смета дека не се добри за нејзината диета.

Обожава малини, но никогаш не ги јаде во јавност

Малините се омиленото овошје на кралицата, но никогаш нема да ја видите како ги консумира во јавност. Поради нивните бројни семки, многу лесно можат да се заглават помеѓу забите, а тоа би било потполно неприфатливо за кралицата. Поради тоа капините се строго забранети во палатата, додека краставиците и доматот мора темелно да се исчистат од семки пред послужување.

Нејзините нови чевли секогаш мора да бидат добро разгазени

Иако веќе со години наназад секогаш се одлучува за истиот модел од истиот бренд, кралицата не сака да ја чувствува непријатноста на потполно нови, крути обувки, туку пред нивното прво обување, слугинката што носи ист број како и кралицата секогаш ги разгазува.

За овие нијанси нема место во гардероберот на кралицата Елизабета II: И нејзините снаи избегнуваат една
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.