За овие нијанси нема место во гардероберот на кралицата Елизабета II: И нејзините снаи избегнуваат една

А еве и зошто!

На која и интензивна, вибрантна боја да помислите, кралицата Елизабета II веројатно веќе ја носела во одреден момент! Нејзините кралски комбинации никогаш не се доволно шарени или впечатливи за неа, па така често можеме да ја видиме во зелени, жолти, розови парчиња облека. Сепак, има и бои кои нема да најдат место во нејзиниот гардеробер!

Имено, како што тврди Роберт Хардман, писателот на биографијата „Нашата кралица“, беж е бојата што кралицата никогаш нема да ја носи. Како што се наведува, таа изјавила дека никогаш нема да ја носи бидејќи никој не би знаел која е таа! Во овој случај, вибрантните бои имаат своја цел, а тоа е присуството на кралицата, која и да е пригода, да биде видливо во толпата и никој во јавноста да не може да ја изгуби од вид.

Освен беж, кралицата никогаш не носи црно, освен ако не станува збор за тажна пригода.

Изгледа дека и нејзината снаа Кејт Мидлтон тргна по нејзините стапки, па и таа обожава да носи впечатливи дезени и бои. Сепак, според странските медиуми, Кејт не сака да ја носи портокаловата боја бидејќи смета дека не изгледа добро на фотографиите во неа.

Истото важи и за Меган Маркл, која исто така никогаш не носи портокалова боја.

Но затоа, пак, кралицата Елизабета ја обожава!

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.