Специјалитет за медал: Не сте пробале посочни маринирани јагнешки ребра!

Вкусен месен деликатес

Овие јагнешки рерба ќе ви бидат омилени ако сте љубители на добрата храна

Состојки:
  • 2 кг јагнешки ребра
  • 8 чешниња лук
  • 2 лажичиња копар
  • 150 мл масло
  • 2 лажичиња сенф
  • 2 лажичиња кечап
  • 4 лажици соја-сос
  • 2 лажици џем од сливи
  • 1 лажиче сол
  • 600 г бели компири

Приготвување:

1. Во блендер се комбинираат исчистените чешниња лук во парче, копарот, сенфот, кечапот, соја-сосот, џемот од сливи, солта и маслото. Се меша додека се добие еднолична кремлива смеса.

2. Јагнешките ребра се сечат на поголеми парчиња, се прелеваат со приготвената маринада и добро се меша за да се распореди рамномерно смесата. Се оставаат во фрижидер 60 минути.

3. Плехот се обложува со хартија за печење и во него се ставаат ребрата богато натопени со маринадата. Се покриваат со фолија и се печат во загреана рерна на 200°Ц, околу 60 минути.

4. По 40 минути печење, се лупат компирите и се сечкаат на резанки, а потоа се редат во тавата околу ребрата. Се продолжува со печење уште 20 минути. Потоа се отстранува фолијата и се пече додека заруменат ребрата.

Извор: Добра храна

Ручек за паметење: Маринирано јагнешко месо
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.