Како може спиењето да ја саботира вашата врска?

Спиењето значително влијае на квалитетот на животот. Недостатокот на сон е поврзан со раздразливост, ризик од рак, дијабетес, кардиоваскуларни болести, дебелина, лошо ментално здравје …

Сепак, според експертите, спиењето исто така игра важна улога во успехот на вашата љубовна врска. Тие тврдат дека има голем број лоши навики во креветот што може да значи дека сте на добар пат да раскинете.

„Навиките за спиење на паровите кажуваат многу за нивната врска. Нормално е да одите во друга просторија ако вашиот партнер постојано ‘рчи, но тоа станува проблем ако го избегнувате вашиот партнер со одење во друга просторија“, изјави тренерот за врски Ане Аурет.

Меѓу другото, дека нешто не е во ред може да значи ако спиете грб со грб едни кон други, што создава чувство на исклучување.

Решението е да се потрудите да поминете некое време заедно во кревет со тоа да се соочите едни со други и да отстраните сè што ви се наоѓа на патот да бидете близу.

Исто така, проблем е борбата за ќебето, а експертот за врска Џо Барнет истакнува дека тајната е во компромисот.

„Бидете љубезни кон потребите на вашиот партнер и барајте решение што ве задоволува и двајцата, како специјално ќебе“, наведува Барнет.

Без оглед на каков кревет спиете, нема оправдување за јазот помеѓу вас и вашиот партнер, но ако сте се договориле со вашиот партнер да спиете така, не треба да има некои поголеми проблеми.

„На некои луѓе им треба само простор за да можат да се смират и да заспијат“, вели Барнет.

Легнувањето во различни периоди може да има трајно влијание врз вашата врска.

Поради тоа, некои може да се чувствуваат осамено, и на крајот иритирано, бидејќи нивниот партнер доаѓа на спиење на полноќ и ги буди. Во исто време, тоа би можело да биде решение за оние кои имаат потешкотии да заспијат додека некој лежи до нив или ‘рчи. Не е најромантично решение, но барем никој нема да биде нервозен наутро затоа што не заспал.

Прочитајте и: Смеењето е клучот за добар брак!

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.