Денес е Светски ден на чајот: Ве потсетуваме како правилно да го подготвите

Фото: Pexels

Денес се одбележува Светскиот ден на чајот, па во оваа прилика ве потсетуваме кои се основните чекори за да направите добар и вкусен топол напиток …

Професионален дегустатор на храна и пијалаци Мартин Исарк советува дека никогаш не треба да користите зовриена вода кога го подготвувате омилениот чај.

„Време е да се заборави тој мит. Многу топла вода ги убива вкусовите на чајот и всушност единственото нешто што ви останува е сувиот вкус, претежно танин“.

Тој исто така објасни дека водата треба да биде на максимум 80°C со цел сите вкусови на чајот да бидат добри. Топла вода се користела и претходно за подготовка бидејќи не била за пиење, па се варела за да се убијат бактериите.

Онепол, компанија која се занимава со истражување на маркетингот, спроведе заедно со експерти, истражување за личноста на луѓето чиј омилен утрински пијалак е кафето и како е тоа за оние кои претпочитаат шолја топол чај.

Ендру П. Смит од Универзитетот Кардиф заклучи, според резултатите од испитаниците, дека љубителите на чајот се екстровертни и амбивертисти – оние кои се половина интроверт, половина екстроверт – додека љубителите на кафето се луѓе кои претпочитаат да бидат сами, односно интровертни. Тој исто така откри дека луѓето кои пијат повеќе чај имаат поквалитетен сон во текот на ноќта, за разлика од оние кои сакаат кафе. Интересен факт е дека „љубителите на чајот“ претпочитаат слатка храна и секогаш додаваат нешто во нивниот пијалак што ќе го заслади и „надополни“. Според ова истражување, оние кои пијат неколку шолји чај во текот на денот, честопати се покреативни и имаат развиена фантазија.

Прочитајте и: 5 најдобри намирници за заштита на животната средина

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.