Бритни повторно шокира: Експлицитни фотографии од нејзината када, фановите мислат дека друг и` го води профилот

Шоубизнис

Провокативните фотографии не се новост на инстаграм-профилот на Бритни Спирс, но ова што сега го објави е можеби најшокантната фотографија досега. „Што се случува овде?“, се прашуваат многумина.

На оваа фотографија пејачката е без облека, се наоѓа во када, во повеќе од експлицитна поза, а покрај фотографиите напишан е шокантен коментар во кој таа алудира на нејзината вештина во сексот.

Позата е како сцена од филмови за возрасни, а обожавателите, иако навикнаа на шокатните потези од Бритни, сега беа потполно стаписани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Channel 8 (@britneyspears)

Обожавателите стравуваат дека некој друг ги објавува фотографиите на профилот на пејачката. Многумина се испрашени за состојбата во која се наоѓа музичката ѕвезда.

„Само сакам да знам дали е добро. Бритни, ако ти го имаш објавено ова, обрати ни се на стори и кажи ни дека си добро. Можеби ова го правиш за да ги занимаваш медиумите или нешто слично“, „Кој ги објавува овие фотографии? Тоа е прашањето“, „Сите знаеме дека и ова ќе заврши“,  загрижени се фановите.

„Профилот е хакиран“, пишуваат други.

„И тогаш се прашувате зошто децата се одвоени од нејзе“, „Нејзиниот татко сега сигурно си вели – ви реков дека ова ќе се случи“, алудирајќи на нејзиниот проблематичен однос со синовите, кои живеат со таткото Кевин и фактот дека таткото на пејачката 13 години постојано го контролираше животот на својата ќерка, до минатата година кога судот ја ослободи Бритни.

Многу фотографии, всушност, сега ја оправдуваат слободата, па велат дека Бритни повеќе не е истата личност каква што фановите ја замислуваат, дека креирала свој свет, изолиран од јавноста (бидејќи скоро и да не излегува од куќата) и дека ќе и` треба многу време за да се врати во нормала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Channel 8 (@britneyspears)

Многумина се збунети токму со тоа што Бритни објавува фотографии само од својата вила. Повторно е „затворена“.

Мал е бројот на оние кои ги поддржуваат ваквите фотографии: „Кога можат Хајди, Мадона и Грајмс, можеш и ти“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.