Ријалити-ѕвезда вели дека се гледала со Хари кога таа имала 34, а тој 21 година: Принцот тогаш бил зафатен, а таа и` порачува на Меган да внимава на него

Шоубизнис

Кетрин Омани изјави дека се гледала со принцот Хари кога имала 34 години, а тој 21 година.

Двомесечната романса се случила во 2006 година, според нејзините зборови, пренесува ,,Дејли мејл”. Кетрин Омани додаде и дека не верува дека деталите за врската ќе се појават во книгата за животот на принцот Хари, која ќе биде објавена на 10 јануари наредна година.

Кетрин Омани, која по потекло е Британка, учествувала во американското реалити ТВ-шоу The Real Housewives of DC кога го запознала принцот во бар во Челси 2006 година. Тој бил во долгогодишна врска со Челси Дејви.

Таа раскажа дека по средбата во барот отишле во ноќен клуб во јужен Кенсингстон, а потоа во куќата на еден негов пријател. Хари сосема отворено почнал да разговара со неа за животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Catherine Ommanney (@catommanney)

Им направил сендвичи, а потоа играле. Таа му рекла дека мора да оди дома и тогаш се бакнале.

Се сретнале уште неколку пати, а кога се дозна за нивната романса, врската заврши.

Дури во 2009 година, година дена откако Омани се омажи вторпат (во меѓувреме се разведе), тие двајца повторно налетале еден на друг на еден натпревар. Биле пријателски расположени.

Се надевам дека Меган ќе се грижи за него. Му посакувам многу среќа и успех. Тој е многу храбар, харизматичен, неверојатно забавен, тој е интелигентно човечко битие, порача таа.

Принцот Хари од 2018 година е во брак со Меган Маркл со која ги има ќерките Лилибет, Дијана и синот Арчи Харисон.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.