Бред Пит чекал девет месеци за да води љубов со Џенифер Анистон

По врска од пет месеци, тајно се свршиле

Џенифер Анистон и Бред Пит се запознале далечната 1998 година со посредство на своите агенти. Популарната пејачка во едно свое интервју откри дека уште по вториот состанок уживале заедно на каучот во нејзиниот стан, нарачувајќи храна. Се чувствувале како да се познаваат со години.

Тоа беше она чувство кога едноставно знаеш. Се чувствувате како да седите со пријател. Беше тоа нешто веќе познато. Едноставно беше судено“, се присетила Анистон пред многу години, додека сè уште траеше нивната љубов.

По 5 месеци, Бред Пит ја запросил Џенифер и таа прифатила, но тајната ја криеле и од најблиските.

Беше тоа многу забавно, тоа беше нашата тајна“, изјавила актерката.

Но најпосакуваниот холивудски актер наводно чекал 9 месеци за тој и Џенифер конечно да им се препуштат на страстите во креветот.

Тоа беше најмудрото нешто што Џенифер можеше да го направи. Замислите да му кажете на Бред Пит дека мора да чека за секс!“, изјави во една пригода анонимен извор близок на актерката.

Наводно до тоа дошло дури 5 месеци пред нивната венчавка, на Денот на вљубените во 1999 година, кога заминале за Акапулко на романтичен викенд.

Му беше неодолива“, рекол пред неколку години за медиумите близок пријател на Бред.

Нивната љубов траеше до 2005 година, кога Пит на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ ја запозна Анџелина Џоли и започна врска со неа. Наводно се откриени детали за тоа како Џоли на сетот го заведувала тогаш најпривлечниот маж на светот.

Фото: Getty Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.