Познатата манекенка го загуби свршеникот во цунамито на Тајланд

А таа едвај преживеала!

Чешката манекенка Петра Немцова и нејзиниот тогашен свршеник, фотографот Симон Атли, се вратиле во својот хотел во Тајланд на Божиќ, 26 декември 2004 година, и слушнале луѓе што врескаат и панично трчаат.

Потоа, огромен бран го потопил одморалиштето каде што се наоѓале Петра и Симон, однел се’ пред себе, а нив и ги разделил. Станувало збор за катастрофално цунами што го погодило Тајланд и поради кое Петра за последен пат го видела својот свршеник.

Телото на британскиот модел фотограф, кој имал 33 години, било пронајдено неколку недели подоцна меѓу 280.000 други жртви. Петра успеала да преживее затоа што се држела за палма и не се пуштила кога силниот бран ги потопил. Кога нивото на водата се спуштило, таа била забележана од некој човек, кој повикал на помош и веднаш ја однеле во болница.

По цунамито, тогаш 24-годишната манекенка имала скршеници на карлицата на четири места и внатрешно крварење во абдоменот и матката. Психички, била еднакво уништена, како што се очекувало, бидејќи го загубила свршеникот и ги гледала телата како лебдат со часови.

Во 2005 година, Немцова ја основаше добротворната организација „Среќни срца“, чија мисија е да ги изградат и обноват училиштата што претрпеле природни непогоди. Оттогаш, реновирани се 208 институции во 10 земји, вклучувајќи ги Тајланд, Индонезија и Хаити.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.