Богот на грмотевиците се релаксира со семејството на изолирана плажа (ФОТО)

Папарацо-фотографии

Во екот на пандемијата на коронавирусот, австралискиот актер Крис Хемсворт (36) и неговата 43-годишна сопруга, бившата манекенка Елса Патаки се фотографирани како се забавуваат со децата на приватна плажа во Бајрон Беј, во близина на нивната вила во Австралија.

Брачната двојка ги подучува своите три деца дома: 7-годишната ќерка Индија Роуз и 6-годишните близнаци Тристан и Саша, но овојпат семејството одлучило да се релаксира.

Тоа е голем предизвик за нас. Три часа преговараме, а 20 минути проаѓаме во реално учење”, раскажал актерот за медиумите.

Крис и Елса во текот на минатиот викенд уживале на изолирана австралиска плажа, а папараците ја почестилe јавноста со фотографии од славниот пар.

Хемсворт бил без маица, па уште еднаш го покажал своето извајано тело по кое воздивнуваат жените ширум светот. Тој своевремено беше прогласен и за најсекси маж на светот, а не е ни чудно зошто.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.