Богдан раскина со Цеца, а неговата поранешна сопруга ќе се мажи: Саша Ковачевиќ скока во тавче!

Откриваат детали за свадбата

Пејачот Саша Ковачевиќ со години е во врска со Зорана Тасовац, поранешната сопруга на Богдан Срејовиќ.

Популарниот пејач кој деновиве не се симнува од „трендинг“ листите со неговиот последен хит „Лажу те љубави“, како што самиот откри неодамна, решен е да заплови во брачните води со поранешната манекенка.

Имено, Саша во интервју за „Хит Информер“ раскажа дека подготовките за венчавката веќе се во тек. Спомена дека свадбената церемонија немада се случи во родната земја туку некаде далеку на егзотична дестинација.

Ковачевиќ истакна дека е многу близок со ќерката на Зорана – Искра, и дека таа му сеобраќа со ПАПА иако е многу блиска и со татко си Богдан.

Инаку, Богдан и Зорана и по разводот имаат одлични односи, и тоа најмногу заради нивната ќерка. Тие кратко време беа во брак, па откако нивната љубов се „потрошила“, и двајцата одлучиле дека е најдобро да се разделат.

За разлика од приватниот живот, каде очигледно му цветаат рози, Ковачевиќ со новиот спот за песната „Лажу те љубави“ кој е хит во целиот регион и во кој е прикажан трагичен крај на една љубов ги расплака сите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.