„Благодарам тато, најдобриот Божиќ досега!“: Синот побарал подарок, а раперот закупил цела продавница со играчки

Цел живот ќе го памети ова!

Раперот искеширал 100.000 долари!

50 Сент го израдувал својот син со скап подарок за Божиќ, што ретко кое дете може да го добие, освен ако не е дете на славни родители.

Имено, празниците се период на подарување, а децата најмногу се радуваат на омилените играчки. Џексон толку многу сака да си игра што посакал цела продавница со играчки, бидејќи не можел да се одлучи, но ни на сон не помислувал дека желбата ќе му се исполни.

https://www.instagram.com/p/B6bVuC8HcCZ/

Познатиот рапер искеширал 100.000 долари за познатата продавница за играчки ToysRUs неколку часа да ги затвори своите врати за јавноста, само за неговиот син да може на мира да го одбере подарокот што го сака.

https://www.instagram.com/p/B6U0OUwHM1V/

„Кога побарав цела продавница со играчки за Божиќ, не ни помислив дека тоа може навистина да се оствари, но ете. Благодарам тато! Најдобриот Божиќ досега!“, напишала поранешната сопруга на раперот и продуцентка Дафни на профилот на малиот Џексон на Инстаграм, каде што осамнало и видео од прекрасниот настан.

https://www.instagram.com/p/B6U2f1lHgpY/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.