Новогодишни обичаи: Еве како да ја дочекате Новата година и да ги избркате злите духови!

Дочекајте ја 2020 подготвени!

Однесувањето на последниот и првиот ден во годината одредува каква ќе ви биде цела година

Длабоко вкоренето е верувањето дека однесувањето на последниот и првиот ден од годината одредува каква ќе ви биде цела наредна година. Еве некои од најпопуларните новогодишни обичаи…

Во новата година не треба да влегувате со долгови, бидејќи ќе ве следат во текот на цела година.

Не смеете ништо да исфрлате од домот на 1 јануари, па дури ни да ги истресете ронките од чаршавот. Во спротивно, ви следува година без пари.

Новата година треба да ја дочекате со силна бучава, бидејќи така ќе ги истерате злите духови.

Ако сакате среќа во претстојната година, првиот гостин во домот би требало да ви биде темнокос и висок маж кој носи подарок. Нема да ви биде добра годината, ако првиот гостин е маж со црвена или руса коса. Исто така, ако се работи за жена, може да ви донесе несреќа.

Нова година прво треба да ви честита личност од спротивниот пол, за среќа и љубов.

За дочекот на Новата година задолжително облечете нешто црвено, макар тоа било и долна облека, бидејќи носи добра среќа во претстојната година.

Се верува дека Новата година треба да ја дочекате со многу, дозволено е и премногу храна во шпајзот и фрижидерот. Покрај тоа, во секој паричник што го имате дома, особено во оној што редовно го користите, ставете пари. Тоа е претпазливост и знак дека следната година ќе имате благосостојба.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.