Беше машко, а сега Кејтлин Џенер се жени со 47 години помладата свршеница

Таткото на Кендал и Кајли четврти пат ќе застане пред олтар

Фото: Getty Images

Кејтлин Џенер (69), татко на Кендал и Кајли Џенер и очув на сестрите Кардашијан, како што пренесуваат странските медиуми, ќе стапне на „лудиот камен“ со својата 47 години помлада свршеница Софија Хачинс.

Кејтлин, некогаш Брус Џенер, која го смени полот во 2015 година, е постара од Софија цели 47 години, но тоа не ги спречи да запловат во љубовна романса.

Кејтлин се гледа себеси како го поминува остатокот од животот со Софија. Ја загуби поддршката од најблиските кога се скара со семејството и во последно време Софија е единствената личност на која може да се потпре“, раскажал извор близок на некогашниот олимписки победник и сопруг на Крис Џенер.

Фото: Getty Images

Инаку, Кејтлин не е во контакт со ќерките Кајли и Кендал откако во својата автобиографија „Тајните на мојот живот“ жестоко ја „поткачи“ нивната мајка Крис. Поради тоа е изолирана од семејството поради што се чувствуваше доста осамено пред да ја запознае Софија (21), која е исто така трансродна личност.

Во моментов, Кејтлин е доста изолирана. Ги загуби и пријателите од ЛГБТ-заедницата поради поддршката на Доналд Трамп за претседател на САД: Се надеваше дека ќе се смири со членовите на кланот Кардашијан, особено откако Ким и Клои добија бебиња, но, за жал, не ги запозна, а не успеа ни да помине време со својата внука Сторми, која ја роди ќерката Кајли. Таа сака да има некој покрај себе и беше многу осамена пред да ја запознае Софија“, додал изворот.

Доколку двојката одлучи да се вечна, тоа ќе биде четврти брак за Кајтлин , која е татко на шест деца.

Извор: Стори.рс

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.