Бен Афлек во љубовен занес на плажа со новата девојка (ФОТО)

„Затрескан“ до уши!

Бен Афлек не ја крие заљубеноста во својата 15 години помлада девојка, колешката Ана де Армас, со која е речиси неразделен.

Откако запловија во љубовните води, вљубените гулапчиња буквално се’ прават во двојка – заедно одат во шопинг, ги шетаат кучињата, а неодамна се фотографирани на плажа во Малибуза време на дружбата со Мет Дејмон и неговата сопруга Лусијана, и неколку други пријатели.

Дека се „затрескани до уши“ еден во друг сведочи и фактот што цело време покажуваа емоции еден кон друг, а во еден момент легнаа на песокот и страсно се бакнуваа.

Според странските медиуми, Бен токму поради Ана успеа да ги остави сите свои пороци и склоноста кон алкохол, со кои веќе две децении има проблеми.

Тој пред неколку месеци ги посети и клиниките за рехабилитација од алкохол.

Фото: Getty Images, Profimedia

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.