Шокантна фотографија: Манекенката претепана од обезбедувањето во турското летувалиште (ФОТО)
Со раскрвавено лице
Многу пријатели на манекенката ѝ пружија поддршка, нагласувајќи дека ѝ веруваат, а други пак ја обвинија дека лаже.
Украинската манекенка Дарија Кирилиук (24) тврди дека била претепана од страна на обезбедувањето на плажата Момо во турското одморалиште Чешме. Како доказ, таа објави фотографија,на која е со расквавено лице и пукната аркада.
Не сакам да молчам, сакам да кажам што ни се случи мене, на моето момче и на нашето друштво. Нè нападна обезбедувањето на плажата Момо. Четири девојки, меѓу кои и јас, добивме удари во лицето, а и момчињата од групата се тешко поврдени. Сите детали ги раскажавме на полицијата. Не смееме да ја свртиме главата пред тоа што се случи и треба да го запреме насилството над жените“, напиша манекенката.
Од управата на плажата пристигна демант на тврдењата на манекенката. Имено, оттаму тврдат дека друштвото со кое била Дарија се степало со некои луѓе, а од обезбедувањето интервенирале за да ги раздвојат. Украинката вели дека тоа е лага.
Фактот дека не сакаат да ги објават снимките од плажата докажува дека нешто кријат“, вели таа.
Фото: Инстаграм