Актерката наскоро ќе биде исклучена од апаратите за одржување во живот, а нејзините органи ќе бидат донирани: „Нема да преживее“

Соопштение од семејството

Актерката Ен Хеч моментално е на апарати за одржување во живот, а семејството соопштило дека нејзиниот мозок е многу оштетен и дека актерката, за жал, нема да преживее

Семејството на Ен Хеч дало изјава за јавноста за состојбата на актерката и во таа пригода соопштило дека не се очекува актерката да преживее, со оглед на тоа што имала голема повреда на мозокот.

Откако предизвикала две сообраќајни несреќи, Ен доживеала голема повреда на мозокот, а сега е на апарати што ја одржуваат во живот. Се чека потврда дали нејзините органи ќе може да се донираат.

„Сакаме да им се заблагодариме на сите за убавите желби и молитви за закрепнувањето на Ен и да им се заблагодариме на посветените медицински работници и прекрасните медицински сестри кои се грижеа за Ен во Гросмановиот центар за изгореници во болницата Вест Хилс. За жал, поради несреќата Ен претрпе тешка повреда на мозокот и понатаму е во кома, во критична состојба. Не се очекува дека ќе преживее“, пишува во соопштението.

„Ен имаше големо срце и го трогнуваше секого што ќе го сретнеше со својата великодушност. Имаше повеќе од неверојатен талент, сакаше да им ја пренесе радоста и добрината и на другите. Ќе биде запаметена по својата храбра искреност и многу ќе ни недостасува“, додадено е во изјавата.

Во четвртокот полицијата изјавила за Си-Ен-Ен дека истражува дали Хеч била под дејство на опијати за време на инцидентот, но дека е потребно дополнително тестирање за да се исклучат лековите што ги добила во болница.

Хеч во петокот удрила во автомобил во гаража во населбата Мар Виста во Лос Анџелес. Судирот предизвикал пожар што се гаснел цел час.

Ен Хеч е позната по улогите во филмовите како што се „Психо“, „Дони Браско“, Cedar Rapids, а помеѓу 1997 и 2000 година била во љубовна врска со водителката Елен Деџенерис.

Дарко Лазиќ повторно доживеа незгода на пат: За „влакно“ избегна несреќа! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.