Актерката обожава помлади: Ја гази седмата деценија, а се омажи за 22 години помлад маж кој ја шокира јавноста!

Венчавка на познатите

Британската актерка Мишел Колинс се омажила за 22 години помлад дечко

Славната британска актерка Мишел Колинс покажа дека љубовта не познава граници. Актерката вчера се венчала за својот 22 години помлад партнер, Мајк Дејвисон.

Двојката веќе 10 години е во љубовна врска, па конечно одлучиле да се венчаат. Актерката има 60 години, но изгледа доста помладо, па не е ни чудо што завела 22 години помлад фраер.

Венчавката се одржала во Лондон, во кругот на најблиските пријатели и роднини. Невестата носела бел комбинезон кој ја нагласувал нејзината става, додека младоженецот се одлучил за црни панталони и бело сако.

Во фокусот било нивното расположение. Имено, додека Мишел била расположена и блескала од среќа, Мајк бил намуртен. Тоа покренало лавина коментари на социјалните мрежи.

„Зошто толку кисела насмевка“, „Изгледа како да се венчал туку-така, про форма, за да не го откачи“, „Зошто не изгледа среќно?“, „Мишел е како девојче, а тој е целиот стегнат“, се само некои од коментарите.

Двојката често беше мета на осуди поради евидентната разлика во годините, но нивната врска успеа да опстане и покрај тоа.

Инаку, од претходната врска актерката има и 26-годишна ќерка Маја Роуз, која, според мислењето на фановите, уште малку може да му биде и врсничка на сопругот на мајка ѝ.

Мајк не е толку славен и успешен, додека познато е дека работел во продавница за фармерки. По почетокот на врската со Мишел, Мајк покренал свој бизнис и основал своја модна компанија Heroes of Richmond.

Се шпекулираше дека актерката сакала да го напушти, бидејќи се сомневала дека е со неа само поради славата и парите.

Познатиот премиер ја прослави венчавката со 24 години помладата сопруга: На влезот гостите биле пречекани со сено и бел шатор!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.