40 години не ги сечела ноктите, има вложено 10.000 евра во нив, а маникирот ѝ трае 8 часа: Долги се 56 см и еве како изгледа нејзиниот живот

Единствена!

Жена од Њујорк има нокти долги половина метар и живее најнормално

Американката ЛаРуе Друмонд од Њујорк ги нема исечено ноктите последниве четири децении. Имено, таа посакала да има најдолги нокти на светот кога видела прекрасен маникир на рацете на една жена што не ја познавала. Моментално нивната должина е 56 см, секојдневно се грижи за нив, а целиот процес на нега досега ја чинел повеќе од 10.000 евра!

„Кога бев мала, ги грицкав заноктиците до крв. Но со одлучност и со голема поддршка од моето семејство, успеав да ја искоренам таа навика“, вака ја започнува ЛаРуе својата приказна.

Оваа необична дама не ги одржува своите нокти сама, туку редовно посетува козметички салон. Со години ѝ ги доверува исклучиво на Марија Ортуз, која ја нарекува кралица на маникирот.

„Нејзе комплетно ѝ верувам, маникирот го подигнува на посебно ниво на креативност. Кога ја посетувам, таа работи само на моите нокти тој ден, бидејќи за нив ѝ требаат околу осум часа“, истакнала њујорчанката.

Не им обрнува внимание на коментарите на околината, а многу внимава да не ѝ се скрши ниту еден нокт.

„Моите нокти се дел од мојата личност, со нив, јас сум вистинската јас. Ако ми се скрши некој од нив, ќе бидам многу тажна“, рекла таа искрено.

Особено нагласува дека предолгите нокти апсолутно не ѝ пречат и дека нормално ги извршува сите секојдневни обврски, а работи како дадилка.

„Се надевам дека ќе го срушам светскиот рекорд за најдолги нокти. Тие се моето бебе“, заклучила таа.

Девојка платила 2.000 денари за маникир, кога ги видела ноктите – СЕ СТАПИСАЛА! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.