4 огромни грешки на палатата што придонесоа за развојот на теории на заговор: „Кејт или има рак или е мртва!“

Еве зошто сите се загрижени

На јавноста не ѝ се верува како воопшто е возможно палатата да прави вакви грешки

„Каде исчезна Кејт Мидлтон?“ е прашањето што вреди милиони. Само кралското семејство го знае одговорот, но тие, како и во милион други ситуации – молчат.

Сведоци сме дека токму тоа молчење скапо ги чинеше во минатото, но дали ова е ситуацијата што народот никогаш нема да им ја прости?

Па како започна сето ова и зошто британскиот народ се сомнева во извештаите од палатата?

Прва грешка: Информацијата за операцијата

Палатата соопштува дека Кејт Мидлтон ќе прави планирана операција на абдомен, но дека не станува збор за канцер. Со оглед на тоа што не објаснува каква операција е во прашање, се појавува голем сомнеж.

Народот се прашува: Што е толку комплицирано што принцезата мора да помине 2 недели во болница и да закрепнува 3 месеца?!

Втора грешка: Информацијата за болниот крал Чарлс

Палатата соопштува: „Кралот има рак“, но не е рак на простата. За каков рак станува збор? Палатата молчи.

Народот се сомнева: Дали ова можеби е манипулативен потег на кралскиот двор за да го оттргне вниманието од Кејт Мидлтон?

Трета грешка: Појавувањето на лажна Кејт Мидлтон

Кејт Мидлтон е видена со мајка ѝ во автомобил. Не го возела автомобилот, седела покрај мајка ѝ, носела темни очила за сонце, но многумина се согласуваат дека тоа не била Кејт.

Народот се плаши: Зошто двојничка на принцезата е во автомобил со нејзината мајка?

Палатата повторно молчи.

Четврта грешка: Фотографијата за Денот на мајките

Објавена е фотографија од Кејт Мидлтон со децата како честитка за Денот на мајките, но медиумите откриваат дека станува збор за доработена, дигитално изменета фотографија. Кејт Мидлтон со една реченица ја презема вината, додека палатата повторно молчи.

Народот е комплетно исплашен и почнува да развива теории на заговор.

Поради тоа што не носи бурма на споменатата фотографија, сите се сомневаат дека принцот Вилијам ја изневерил Кејт, па таа доживеала нервен слом.

Поради информацијата за операцијата на абдомен, теоретичарите на заговори тврдат дека принцезата има рак и дека е на терапии за лекување.

Јавноста знае дека сите тие теории се луди и едвај чекаат да дојде Велигден и денот кога е ветено дека Кејт Мидлтон ќе се врати. Меѓутоа, постои лек за да се замолкнат сите шпекулации – палатата само треба да проговори или Кејт да излезе и искрено да каже што ја натерало да исчезне.

„ТОА НЕ Е ТАА! Ја замениле“: Шпекулациите се сè поголеми, Британците се во паника – убедени се дека жената на видеото не е Кејт!

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.