Кијану Ривс забранет во Кина, како да не постоел!

Дознајте ја причината...

ФОТО: Getty Images

Славниот актер Кијану Ривс е буквално бојкотиран во Кина. Земјата целсно го избриша неговото постоење на Интернет.

Кина е една од земјите каде што цензурата на содржините е на многу високо ниво, а ограничувањето на некои содржини не е ништо ново во оваа земја.

Имено, Кијану Ривс присуствувал на виртуелен концерт на трети март, организиран од непрофитната организација „Tibet House US“, на покана на Далај Лама, со цел да се зачува тибетската традиција на филозофија, наука, уметност и култура.

Веројатно на Кина воопшто не ѝ се допаѓа оваа организација, а уште помалку оние што присуствувале, па експресно била издадена наредба до националното регулаторно тело целосно да се избрише популарниот актер за сите жители на Кина.

Досега, „Tencent“ и „iQiyi“ ги отстранија повеќето филмови на Ривс од нивните стриминг платформи, а пребарувањето на англиски или кинески за името и презимето Кијану Ривс не дава резултати. Единственото место каде што сè уште може да се дојде до некои резултати е „WeChat“, но веројатно е само прашање на време кога херојот од Матрикс целосно ќе исчезне и таа платформа

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.