Видови соработници кои треба да ги држите на дистанца

Обрнете внимание

Понекогаш самата работа не е причина зошто ни е тешко секој пат кога размислуваме да одиме во канцеларија. Едноставно, понекогаш не е лесно да се вклопите во работното опкружување, а колегите со кои работите во моментов не ве сакаат воопшто.

Опкружување што не ви прилега создава стрес и влијае на вашата продуктивност, што секако не е добро и затоа има неколку видови на колеги од кои треба да останете подалеку:

Колега кој премногу зборува

Иако ова е можеби најинтересната личност во тимот, која на сите им дава доза позитивна енергија, навистина е тешко да се концентрирате на работа, кога некој има нешто да каже нон-стоп. Во ситуации кога имате премногу да направите, можеби ќе треба да одморите од оваа личност.

Колега кој знае баш сè

Тоа е личност која мисли дека е создадена за секоја работа и знае сè најдобро. Таквите луѓе треба од време на време да се потсетуваат на важноста на тимската работа, а исто така и на фактот дека сите ја имаат својата позиција со добра причина. Ова се многу амбициозни луѓе, кои нема да реагираат многу професионално, ако се најдете на патот на нивната кариера.

Колега склона кон озборувања

Во секој колектив има најмалку едно лице кое се храни со озборувања. Тие секогаш знаат сè за секого и сакаат да се вклучат во часови озборувања на други колеги, што е крајно непрофесионално.

Прочитајте и: Што треба, а што не треба да правите доколку посакувате унапредување на работното место

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.