Старо верување: Ако го ставите ова во паричникот, ќе привлекувате пари како со магнет!

Фенг шуи

Фото: Unsplash

Испочитувајте го овој чекор и никогаш нема да ви недостигаат пари

Фенг шуи е стара кинеска техника на уредување на домот и привлекување позитивна енергија, но може да се примени и на паричникот. Се верува дека доколку во него чувате сметки, истрошени картички, стуткани пари и непотребни работи, тогаш привлекувате лоша енергија и неповолна финансиска ситуација.

Од друга страна, постојат и предмети што пожелно е да ги носите во паричникот во секој момент, бидејќи се верува дека тие шират позитивна енергија и привлекуваат пари.

Сигурно некаде сте виделе фенг шуи со фигура на жаба која седи на монети и за која се верува дека привлекува пари, или можеби и вие ја имате во својот дом. Таа најчесто се чува на влезот или на работната маса, а според фенг шуи-правилата, можете овој магнет за изобилство да го ставите и во паричникот.

Тоа не значи дека треба да носите фигура на жаба во паричникот или во чантата, туку се верува дека сликичката од фенг-шуи жаба во паричникот може да поттикне привлекување пари.

Исто така, можете да набавите и фенг шуи-монети, за кои, исто така, се верува дека имаат моќ да привлекуваат позитивна енергија.

Уште една препорака за паричникот и привлекувањето пари е паричникот да биде со црвена боја. Црвената симболизира успех, победа, напредок и богатство.

Со помош на овие трикови и совети заштедете пари и дозволете си сè што сакате
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.