Торта маркиза: Леден кремаст десерт за паметење!

Ќе го обожавате

Пенест, ладен, кремаст фил помеѓу два слоја меки пишкоти

Состојки:
  • 6 јајца
  • 10 лажица шеќер
  • 200 г чоколадо
  • 125 г путер
  • 2 пакувања пишкоти
  • млеко за потопување на пишкотите
Приготвување:

Одвојте ги белките од жолчките. Жолчките веднаш ставете ги во помало тенџере во кое ќе се варат на пареа. Во жолчките додајте 6 лажици шеќер и изматете ги пенесто, додека жолчките не ја променат бојата од темножолта во светложолта. Оставете ги на пареа околу 10 минути со постојано мешање. Додајте здробено чоколадо и мешајте додека се стопи. Тргнете го од оган и оставете го да се олади со повремено мешање.

Кога смесата ќе се олади, додајте го омекнатиот путер и изматете. Потоа, изматете ги белките со преостанатиот шеќер во цврст снег, па додајте ги во кремот и со лажица, жица или шпатула мешајте додека се соедини. Не матете со миксер за да не спласне филот.

Во подлабока тепсија со димензии 30х20, наредете едно пакување пишкоти потопено во млеко. Префрлете го целиот фил и израмнете, а одозгора наредете го другиот дел пишкоти потопени во млеко. Оставете ја тортата добро да се стегне во фрижидер. Одозгора по желба можете да украсите со шлаг.

Послужете ја откако добро ќе се олади, најдобро прекуноќ.

Слатко разладување: Веганска торта со сладолед
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.