Проклетството на добитниците на лото: Освоиле многу пари, па доживеале морничави судбини

Неверојатно

Случајниот избор на броеви им ги променил животите од корен, им донел големи пари но и голема несреќа

Судбините на овие лото-добитниците се морничави. Кога ќе го прочитате овој текст, ќе ви биде драго што не сте едни од среќните добитници.

Џејн Парк

Најмладата добитничка на лотарија добила 1,5 милиони евра, а сите ги потрошила на патувања, забави и пластични операции.

„Добивката ми го уништи животот. Никому не му ја посакувам мојата судбина, мислам дека никогаш нема да закрепнам од тоа што го направив со својот живот“, рекла таа.

Вилијам Бад

Вилијам Бад освоил 1,2 милиони долари, а сите пари ги потрошил во рок од година дена. Поранешната девојка го тужела и барала третина од добивката, а родениот брат завршил зад решетки, бидејќи најмил платен убиец да го убие. Вилијам и самиот завршил во затвор откако го застрелал извршителот во глава. Починал во 2006 година во голема беда.

Лара и Роџер

Премијата што ја освоиле ја потрошиле на луксузни автомобили и куќи и иако дотогаш живееле хармонично, ситуацијата се сменила. Почнале караниците и несогласувањата. Куќата им изгорела во пожар до темел, а бидејќи не била осигурана, изгубиле голема сума на пари. По една година од освојувањето на парите, тие се развеле, а на банковната сметка не им останал ни цент.

Едријен и Џилијан Бејфорд

Неколку месеци по освојувањето на наградата, животот им се претворил во пекол. Ги потрошиле парите, бракот им се распаднал, доживеале и тешка сообраќајна несреќа.

Уџрој Кан починал годинава од труење со цијанид само еден ден откако „изгребал“ премија од 435.000 долари.

Џералд Мусвагон во 1998 година добил десет милиони долари. Сите ги потрошил на разуздан живот, а по неколку години се обесил. Причината била очај поради залудно потрошениот живот.

Мартин и Кеј ги заокружиле точните броеви на ливче, но не можеле да ја подигнат наградата бидејќи го изгубиле лозот. Адвокатите седум недели докажувале дека ја погодиле вистинската комбинација и на крајот успеале. Меѓутоа, поминал законскиот рок од 30 дена за подигнување на наградата, па останале без пари.

Носат несреќа, беда и сиромаштија: Според старите верувања, никако не смеете да ги правите овие работи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.