Ручек за денес: Пиле во млеко со мајчина душица и лимон

Пробајте

Превкусно јадење, совршено за неделен ручек

Состојки:
  • 1,5 кг пилешко месо (цело пиле)
  • малку маслиново масло
  • 600 мл млеко
  • сок и кора од 2 лимона
  • 1 главица лук (поделена на чешниња)
  • 1 лажиче црн бибер во зрно
  • 4 лаврови листа
  • 5-6 гранчиња свежа мајчина душица
Приготвување:

Загрејте ја рерната на 190 степени и подгответе подлабока помала тепсија за печење што можете да ја ставите и на рингла.

Поставете го пилето на градите, па пресечете го долж грбот од двете страни на ’рбетот, за пилето да се отвори, а ’рбетот фрлете го. Потоа, превртете го така што градите ќе бидат нагоре, па со дланка притиснете го пилето за да добиете форма на пеперутка.

Ставете ја тепсијата на рингла и загрејте малку маслиново масло на средно силна температура. Ставете го пилето со градите надолу да се потпече околу 5-10 минути.

Можете да го превртите еднаш, но и не морате.

Потоа, исцедете го маслото, сипете млеко, ставете сок и кора од лимон, зрна бибер, раздробени чешниња лук, лавров лист и половина од мајчината душица.

Печете во рерна околу еден час и половина, со тоа што на 15-20 минути ќе го превртувате пилето за еднакво да се потопи во сос од двете страни. Кога ќе се испече пилето, извадете го од рерна и исечете го на порции кога ќе се олади малку.

За тоа време, на малку маслиново масло пропржете ги неколку минути преостанатите гранчиња рузмарин за да станат крцкави.

Послужете го месото со прилог (ориз или пире од компир) прелиено со сосот што останал по печењето и посипете го со кркцави гранчиња мајчина душица.

Добар апетит!

Динстани пилешки батаци со буковка и чери-домати
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.