Весна Дедиќ: „Се разведов кога сфатив дека ќерка ми нема грижлив татко, а ни јас сопруг кој ме сака!“

Исповед

„Одамна имам изјавено дека лошиот брак е воз од кој треба да се излезе макар и да ги скршиш двете раце и нозе. Мене сѐ уште ми се изместени колковите поради тој скок“, рекла Весна

Водителката и писателка Весна Дедиќ повеќепати има зборувам за своето искуство со разводот како и за стресниот период низ кој поминала тогаш. На бракот со докторот Срѓан Милојевиќ, со кого има ќерка Ленка, ставила точка кога љубовта избледела, а односите станале лоши.

„Многу плачев последните години од бракот и тогаш сфатив дека подобро е да се разведам одошто да потонам во депресија. Верувам дека за секоја жена, што сама ќе одлучи да се разведе, периодот по растурањето на бракот е тежок поради чувството на одговорност кон својата егзистенција и егзистенцијата на детето. Меѓутоа, секоја се разубавува и добива некаква чудесна енергија бидејќи почнува да ги троши деновите на нешто смислено, наместо на бесмислени обиди да го поправи бракот“, рекла Весна во една пригода.

Нивниот брак не траел долго и се развеле кога ќерка им имала четири и пол години. Весна често зборува на тема развод, но јавноста немала можност да види нејзини заеднички фотографии со поранешниот сопруг.

„Десет години бевме во брак. Тоа беше најпрекрасната љубов на овој свет. Но во браковите засновани на огромна љубов има и големи очекувања. А потоа, и кога малите очекувања ќе бидат изневерени, врската многу често пука. Затоа мислам дека добриот развод е многу подобар од лошиот брак. Го задржав презимето на поранешниот сопруг, бидејќи Ленка така сакаше. А нам таа ни е многу поважна од емотивниот статус“, рекла своевремено водителката за медиумите и додала:

„Се разведов кога сфатив дека мојата ќерка нема грижлив татко, а ни јас сопруг кој ме сака. Не би навлегувала во детали од нашиот однос. Одамна имам изјавено дека лошиот брак е воз од кој треба да се излезе макар и да ги скршиш двете раце и нозе. Мене сѐ уште ми се изместени колковите поради тој скок, но станицата на којашто сум сигурно е подобра од она на којашто би стигнала ако останев во лош брак“, изјавила водителката.

Весна Дедиќ за борбата со коронавирус: „За малку ќе направев фатална грешка“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.