Емоционалната интелигенција во работата: Како да станеме подобра верзија на самите себе?

Станува збор за сложена, но корисна вештина

Сите имаме слушнато за IQ и за тоа дека може да се пресмета. Но што е со некои други видови интелигенција, на пример, со емоционалната?

Всушност, станува збор за сложена вештина што подразбира две групи способности: лична и социјална компетенција.

Личната компетенција е насочена кон нас самите, кон препознавањето, сфаќањето и прифаќањето на своите емоции, како и кон управувањето со нашето однесување како да биде корисно и полезно за нас, а во исто време и во согласност со нашите емоции.

Социјалната компетенција ја подразбира способноста точно да ги забележуваме и да ги вреднуваме емоциите на другите луѓе и нивните мотиви и однесување и свесно да влегуваме во конструктивни и поддржувачки меѓучовечки односи.

Многу е важно да знаеме дека не постојат добри и лоши емоции. Некои емоции ги бие „лош глас“ и станаа општествено неприфатливи, а важно е да сфатиме дека сите емоции се за луѓето. Според тоа, и бесот и лутината, и зависта и љубомората – сето тоа се човечки чувства. Она што е важно е да ги препознаеме тие чувства и да бидеме искрени кон самите себеси.

Кога кај себе ќе препознаеме, на пример, бес, тогаш високиот степен на емоционална интелигенција, односно на мудрост, се огледува во тоа да можеме да го контролираме своето однесување, така што тоа да биде во согласност со нашите емоции, но однесувањето да ни биде корисно. Всушност, тоа е вистинската вредност на мудроста.

Текст: Тамара Богунова

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.