„Имам неколку станови, куќи, главата ми беше во торба“: Шок исповед на Дарко Лазиќ! (ФОТО)

Бурен живот и многу пари...

Популарниот српски пејач Дарко Лазиќ во својата исповед реши да проговори за тоа што го натерало да ги остави пороците и да се смири, па се потсети на ситуацијата кога пред само неколку години успеал да прокоцка стан за една ноќ.

„Луѓето нон-стоп сакаат да ми закачуваат проблеми и скандали на врат, а јас сум уморен да ги демантирам. Последна во низата беше онаа за долгови. Никогаш не сум земал пари однапред за тезга. А ако се случеше, како што велат, да ги земам парите однапред и да не се појавам, ќе ги вратам следниот ден. Секогаш добивам пари кога ќе заврши тезгата. Имав здравствени проблеми, не знам кој е човекот што ми помага. Слободно прати ми и ќе видиме што ќе се случи. Зад мене стои сериозна компанија, ние сме професионалци и не дозволуваме да се случуваат такви работи, вели Дарко и продолжува:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DARKO LAZIĆ (@darkolazicofficial)

„Што се однесува до коцкањето, јас веќе го немам тој порок. Порано знаев да преноќам во казино и да прокоцкам стан! Зборувам за период кога бев многу помлад и кога бев “навлечен“. Не морав да одам на професионална рехабилитација, но ми требаше долго време за да сфатам дека тоа ме води во пропаст. Тешко е да се пресече одеднаш, мора да си карактер за тие работи. Може да изгубите и дури тогаш да сфатите дека можете да живеете без коцкање“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DARKO LAZIĆ (@darkolazicofficial)

Лазиќ вели дека и покрај коцката, не останал без недвижен имот, туку дека почнал да оди во казино откако обезбедил стан.

„Обезбеден сум што се однесува до недвижнини, имам неколку во близина на Белград, но не сакам да живеам таму. Доста заработувам откако почнав да се занимавам со овој бизнис, така што тука сум сам. Имам две куќи во Брестач, недвижен имот во Белград. Пороците и распуштениот живот се зад мене. После триесет години, човек некако сам се смирува и мислам дека полека влегувам во таа фаза. Пробав сè, ја ставив главата во кеса, пиев, земав сè, но сега се вртам кон мирот и семејниот живот. Мислам дека и кај мене можете да ја видите разликата. Од кога сум кај Катарина не се сеќавам кога сум се напил некаде до сабајле во кафеана. Сега најдобро ми е да нарачаме храна заедно и да гледаме филм. Уште поубаво е кога доаѓаат моите деца, па заедно уживаме, изјави пејачот.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.