„Ми плати 15.000 долари за да имам секс со принцот“: Вирџинија била малолетна и работела како сексуална робинка

Исповед

Новите сознанија поврзани со принцот Ендру и неговите активности со Вирџинија, која во тоа време била малолетна, фрлаат нова сенка на кралското семејство

Вирџинија Џуфре тврди дека Џефри Епстајн ѝ платил 15.000 долари за да има секс со Ендру кога имала само 17 години.

Сега, 40-годишната жена под заклетва сведочела за својот однос со принцот Ендру и Џефри Епстајн.

„Добив 15.000 долари, не знам колку е тоа во фунти“, рекла Вирџинија, додека војводата од Јорк негирал сè што таа кажала, но во 2022 година, успеал да постигне спогодба за тужбата за сексуален напад, откако ѝ исплатил 12 милиони фунти.

Новите признанија и документи го доведуваат засрамениот принц Ендру во уште понеповолна положба, додека многумина велат дека Чарлс нема да го избрка од дома, бидејќи „крвта не е вода“.

Вирџинија сега тврди дека била сексуално злоупотребувана од страна на друг мистериозен член на кралско семејство, како и од принцот Ендру.

Под заклетва кажала дека неидентификуваниот принц зборувал странски јазик, но добро го користел англискиот.

Вирџинија тврди дека била сексуална робинка, која работела за Џефри Епстајн, кој, пак, им ја продавал на моќни луѓе.

Наводно, Епстејн имал вила во Њујорк, каде што имало „зандана“ украсена со огромни фотографии од Вирџинија и други девојки во компромитирачки пози. Другата негова вила, позната и како „куќа на гревот“, се наоѓала на Флорида, а во неа имало повеќе од 50 фотографии од голи девојки, кои Џефри им ги нудел на своите моќни пријатели.

Жизлен Максвел и Џефри Епстајн организирале оргии со 15-годишни девојчиња: Нови детали од судењето!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.