Жизлен Максвел и Џефри Епстајн организирале оргии со 15-годишни девојчиња: Нови детали од судењето!

Откриено!

Случајот што не престанува да го шокира светот

Жизлен Максвел (58) имала постојани оргии со 15-годишни девојчиња на карипскиот остров во сопственост на педофилот милијардер Џефри Епстајн, новите судски документи ја откриваат изјавата на Вирџинија Робертс.

Ова шокантно тврдење се наоѓа во нејзиното сведоштво од 2015 година.

Документите се ставени под клуч откако Максвел, која ја окаракатеризирале како „мадам“ на Епстајн, се согласила случајот да го реши надвор од судот, но сега е уапсена поради обвинувања за сексуални злосторства и сите детали сега се познати за јавноста.

Во тие документи стои дека Жизлен и Џефри организирале оргии кои траеле со денови на приватниот остров, а девојчињата доаѓале со приватни авиони.

Вирџинија била замолена да ги опише девојките кои доаѓале за сексуален контакт на овој остров, а таа одговорила: „Имаше толку многу, не знам од каде да почнам.“

„Имаше русокоси, бринети, црвенокоси. Сите беа убави девојки. Би рекла дека беа на возраст од 15 до 21 година“, додала таа.

Жизлен и Џефри имале секс со девојките во базен, во близина на брегот, во мали колиби, како и во неговата приватна кабина.

„Сите девојки беа моделки, мислам дека беа моделки. Имаше оргии кои се одржуваа и надвор покрај базенот. Девојките не зборуваа англиски јазик, туку руски или чешки“, открила Вирџинија Робертс.

Таа исто така наведува дека Џефри и Жизлен ја продавале на моќни луѓе за секс, вклучувајќи го и принцот Ендру, па барале од неа да се однесува како да ужива, а не како осуденичка.

Таа тврди дека кај Епстајн доаѓале гости како Бил Клинтон, Наоми Кембел, Хајди Клум и дека сите учествувале во оргиите што биле организирани таму.

Жизлен моментално е во затвор и го чека судењето, а Џефри минатиот август беше пронајден обесен во ќелијата додека го чекал судењето поради обвинувањата за трговија со секс и злоупотребување жени и девојки на Флорида од 2002 до 2005 година.

Шок во британското кралско семејство: Испливала последната желба на кралицата Елизабета Втора?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.