Игор Џамбазов не го заборава, објави емотивна порака: „Мислев дека светот е мој, но кога си замина сфатив дека не било така“ (ФОТО)

Актерот сподели фотка од 1992 година!

Популарниот актер и шоумен, Игор Џамбазов на својот профил на Инстаграм објави фотографија од далечната 1992 година и со пораката која ја напиша во објавата, растажи многумина.

Имено, станува збор за фотографија од претставата „Грев и шрпицер“, на која може да се види Игор заедно на сцена со легендарниот актер Ненад Стојановски.

„”Грев или шприцер”, Драмски Театар, 1992, со мојот идол Ненад Стојановски. Првата и последната претстава во која бевме партнери. Кога ја добив улогата, мислев дека целиот свет е мој. Неколку години подоцна, кога Нешо си замина, сфатив дека тоа воопшто не било така. Како доказ остана само оваа фотка од генералната проба, но сосема доволно за да предизвика цунами од емоции секој пат кога ќе ја видам“. – стои во објавата.

Инаку, за тие што не знаат, Ненад Стојановски почина на 4-ти јули 1994 година. Тој беше во брак со актерката Силвија Стојановска, со кого ги имаат ќерките Ана и Јана Стојановски.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.